Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага веќе почнати инфраструктурни проекти, тврди Сугарески

ВМРО-ДПМНЕ предлага веќе почнати инфраструктурни проекти, тврди Сугарески
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија,  26 февруари 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески  денеска изјави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во изборната  програма што ја најавува предлага веќе почнати инфраструктурни проекти или проекти што ќе бидат завршени до почетокот на изборите.

Тој најави дека во наредните денови ќе ја „разбијат таа лага“ бидејќи има сериозни инвестици во патиштата, комуналната инфаструктура и гасификацијата.

-Во делот на инфраструктурните проекти слушаме малку смешно за проекти кои во моментот се градат во целата држава, а во ВМРО-ДПМНЕ ги ветуваат за градба. Имавме прилика тоа да го видиме и потенцирав во моите статуси дека во наредните денови комплетно ќе одиме да ја разбиеме таа лага бидејќи навистина во оваа држава сериозно се инвестира и во делот на патиштата, комуналната инфраструктура и гасификацијата овие години и навистина е смешно да се предлагаат во изборна програма проекти кои се реализираат или ќе бидат завршени можеби до почетокот на изборите, рече Сугарески, при денешната работна посета на Дојран каде беше направен увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран.им/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје