Утрински Весник
Македонија

Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан 26-ти февруари, Денот на единицата

Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан 26-ти февруари, Денот на единицата

Куманово, 26 февруари 2020 (МИА) – Припадниците на првиот пешадиски баталјон, денеска во кумановската касарна „Боро Манков“ со воена свеченост го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.

Пред присутните се обрати потполковник Мирче Тасев, командант на првиот пешадиски баталјон, кој се осврна на историските настани и битката водена на денешен ден пред 76 години во кумановско Жегљане, каде е формираната Третата Македонска Ударна Бригада, укажувајќи дека припадниците на единицата се горди што ги продолжуваат традициите на оваа славна бригада.

– Денес, првиот пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за извршување на борбените задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО, рече Тасев.

Пред присутните припадници на Армијата и гости се обрати и началникот на штабот на првата пешадиска бригада, полковник Дејан Чиплаковски, кој истакна дека баталјонот е препознатлив по врвната обученост и професионализам, потсетувајќи на добиените одликувања и на учеството во вежбата „Одлучен Удар“.

-Бидете горди што сте дел од Армијата како институција која ужива најголема довреба кај нашите грѓани, бидете горди на професијата и продолжете да работите вредно и посветено, со што заедно со останатите припадници на Армијата ќе останеме најсилната гаранција за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет, порача Чиплаковски.

По повод одбележување на  26 ти Февруари, Денот на единицата делегација од кумановската касарна положи свежо цвеќе пред спомен плочата во село Жегљане.

Во рамки на прославата беа доделени, награди и пофалници за припадниците на единицата, а следуваше и презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата. ам/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара