Утрински Весник
Македонија

Почнуваат градежни работи за изградба на нова градинка во Кавадарци

Почнуваат градежни работи за изградба на нова градинка во Кавадарци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кавадарци, 26 февруари 2020 (МИА) – Почнуваат градежни работи за изградба на нова градинка во Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев денеска на прес-конференција информираше дека објектот ќе биде на две нивоа со седум занимални, на површина од 1.145 квадратни метри.

Градинката ќе има капацитет за 155 деца и се очекува да биде завршена за најмалку 16 месеци. Во овој проект општината инвестираше во земјиштето, а главен инвеститор е Министерството за труд и социјална политика, со финансии во износ од 47 милиони денари.

-Изградбата на градинка беше дел од програмата. Во изминатите две години целосно го решивме проблемот со згрижување на деца во детските градинки. Беше пуштена во употреба новата детска градинка Буба Мара, Возарци и Марена добија детски градинки, изградени се нови занимални во објектите Снежана и Детелинка, соопшти Јанчев.

Тој нагласи дека се реши најголемиот проблем на младите брачни парови, кои претходно на некој начин беа спречени нормално да функционираат.

-Имаше случаеви каде едниот родител беше приморан да го напушти своето работно место поради тоа што немаше место во детските градинки, потсети градоначалникот.

Јанчев изрази задоволство што таквиот проблем сега е минато. свд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата