Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против полициски службеник за земање мито

Кривична пријава против полициски службеник за земање мито

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т., полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, осомничен за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Од МВР денеска информираа дека пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

– По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност. цр/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност