Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Правдоубиецот Заев конечно е на колена, ако не е достоинствен во владеењето, барем нека биде во заминувањето

Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Скопје, 26 февруари 2020 

Народот вчера излезе масовно и покажа дека Зоран Заев и неговите политики се пред неминовен пораз на 12 април.

Правдоубиецот Заев конечно е на колена.

Народот покажа дека веќе не му верува и не му се плаши. Сите го видоа неговото лице, сите видоа дека тој е главата на мафијашкиот октопод, дека тој е човекот кој договарал одлуки на судот и координирал обвиненија, како и активности на обвинителството.

Сега на сите им е јасно дека со Заев нема ниту правда, нема ниту мир, затоа што тој контролирал и координирал се, почнувајќи од политичкиот прогон на неистомислениците, па се до заштитата на корупцијата, заштита на рекетот и заштита криминалот на својата власт.

Луј Витон власта на Заев ги создаде Луј Витон куферите полни со милиони, но и Луј Витон судството кое е последниот бастион за заштита на неправдата, на мафијата и на Заевизмот.

Народот одлучно кажа дека ќе го порази лицемерието на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите обиди за постојано себе-амнестирање за криминалите.

Правото и правдата мора да завладеат во Македонија.

Првиот чекор кон тоа е покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој постојано се меша во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. Тоа ќе го направат обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност.

Второ, итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде што има неправилности ќе има оставки и одговорност пред законите.

Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош, затоа што таму кај што Заев замешал прсти, таму нема правда, а нема ниту чесни намери.

Почитувани,

Јасно е дека паѓа Заев и дека ова негова влада е во заминување.

Заев и СДСМ нека не го отежнуваат заминувањето и да не застанат пред патот на волјата на народот. Ако не беа достоинствени во владеењето, нека бидат барем во заминувањето.

Обновата доаѓа. Народот доаѓа по правдата и напредокот и никој не може да им застане на патот.

Доаѓа и катастрофалниот пораз на Заев и Луј Витон судството на 12 април.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со Итна помош пренесен на клиника припадник на „Тигар“ по повреда во касарната „Илинден“

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Уапсен прилепчанец за лихварство, позајмил 7.500 а назад барал 12.500 денари