Утрински Весник
Македонија

Младите активни учесници во креирањето локални политики во Берово

Младите активни учесници во креирањето локални политики во Берово

Берово, 26 февруари 2020 (МИА) – Во Берово се одржа работилница на тема „Подигање на културното ниво во градот преку подобрување на животот на младите“. На темата во рамки на средбата која се одржа во салата за состаноци при општина Берово дебатираа претставници на средношколската заедница од беровската гимназија „Ацо Русковски“, угостителите од општината, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и претставници на општинската администрација.
-Креирањето на финалните препораки кои ќе ја отсликуваат состојбата на младите луѓе во Берово и кои ќе влијаат врз подобрување на нивната општествена состојба,е главниот заклучок од оваа средба на која младите даваа свои предлози за подиганње на културното ниво во градот, за организирање на различни видови работилници, како и за тоа кој би сакале на настапи за време на ЕТНО плоштад фестивалот, кој секоја година се организира во месец август, информираа од Општината.
Целта на ваквите консултативни средби, како што додаде беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, е апсорбирање на информации од страна на младите, кои што ќе бидат преточени во агенда за подобрување на животот на младите во Берово.
-Младите од Берово имаат капацитет и сила да бидат кредибилен партнер на на општината во донесувањето на младински политики и токму затоа идејата е да придобиеме информации од страна на младите, во однос на проблематиките со кои се соочуваат и во однос на содржините кои би можеле да го подигнат културното ниво во градот, рече Пекевски.
Ваквите средби како што најавија од општината ќе бидат пракса и во наредниот период при што со сите засегнати страни континуирано ќе се работи на подобрување на културно-забавниот живот во градот. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!