Утрински Весник
Македонија

Русковска: Секој од обвинетите за организирање на 27 април е една коцка од мозаикот

Русковска: Секој од обвинетите за организирање на 27 април е една коцка од мозаикот

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) –Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта како резултат на што беше настанот што се случи на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток“, е дел од обвинителниот акт, што денеска во судница на рочиштето за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април го прочита обвинителката Вилма Рускоска.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржа рочиште за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието. Судскиот процес се наоѓа на почеток, а минатото рочиште се одложи за обвинетите да извршат увид во доказите од предметот.

За да се добие комплетна слика за овој настан, додаде таа, треба да замислите мозаик секој од сега присутните обвинети претставува една коцка. Истакна  дека доколку фали една коцка мозаикот е непотполн и токму нивните поврзани и усогласени дејствија го претставуваат тој мозаик.

-Дали има докази или нема ќе одлучи судот. Не е ниту на обвинителството, ниту на одбраната, односно на обвинетите. Тоа што Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски изјавија дека се жртви на политички прогон тоа е нивно мислење и се надевам дека тоа мислење ќе го поткрепат со нешто, рече Русковска, одговарајќи на новинарски прашања по завршување на рочиштето.

Додаде дека досега само Александар Василевски Нинџа од осудените е предложен како сведок.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се во куќен притвор.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април. оџ/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали