Утрински Весник
Спорт

Мертенс би требало да се опорави за реваншот со Барселона

Мертенс планира да го напушти Наполи на крајот на сезоната

Неапол, 26 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс нема да може да му помогне на својот тим во следните десетина дена поради повредата добиена во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона (1:1).

Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на стапалото по дуелот со играчот од средниот ред на Каталонците, Серхио Бускетс.

Според новинарот на „Скај спорт Италија“ Џанлуика Ди Марцио, Мертенс ќе пропушти 10 дена и ќе има време да закрепне за повратниот меч со Барселона, што ќе се одржи на 18 март.

Мертенс вчера го постигна 121. гол за Наполи и сега го дели првото место во клупската историја со Марек Хамшик. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина