Утрински Весник
Македонија

Положено цвеќе на спомен бистата на дипломатот Миле Крстевски во Крива Паланка

Положено цвеќе на спомен бистата на дипломатот Миле Крстевски во Крива Паланка

Крива Паланка, 26 февруари 2020 (МИА) – Делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен биста на кривопаланечанецот, дипломатот Миле Крстевски, кој пред 16 години трагично загина во авионската несреќа, во близина на градот Мостар во која животите ги загубија и тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Присутните положија цвеќе на споменикот со напомена дека споменот на луѓето кои остануваат трајно запишани во аналите на државната историја се чува од заборав, а денешниот датум е ден кога со пиетет се оддава почит и на ликот и делото на дипломатот Миле Крстевски.

Цвеќе на спомен-бистата на Крстевски положија и членови на неговото пошироко семејство, браќата и сестрата, како и роднини од неговата родна Крива Паланка. ид/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути