Утрински Весник
Македонија

Заев: Трајковски ќе остане запаметен како чесен, доблесен и проевропски политичар

Заев: Трајковски ќе остане запаметен како чесен, доблесен и проевропски политичар

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик, која е аманет за сите политичари, напиша лидерот на СДСМ ,Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Претседателот Борис Трајковски, како што пишува Заев, вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

– Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет