Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски по налог на Груевски маршираше против правда, но колку и да се заканува криминалот на ВМРО-ДПМНЕ нема да го одбрани

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Скопје, 25 февруари 2020 
 
Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали.
Извршителот Мицкоски вечерва призна – најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство кој обезбедува продолжување на сите предмети, кој е темел за градење силно и независно судство и обвинителство.
Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски вечерва маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и како во годините на режимот со закануваа кон судии, обвинители, новинари и медиуми.
Маршираше Мицкоски, а зад него старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата!
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.
Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев и нивните шефови Груевски и Мицкоски.
Тие ќе одговараат пред правдата. Тие се симбол на неправда и криминал.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да протестира против правдата, но криминалот на својот шеф Груевски и своите пајташи нема да го одбрани. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ