Утрински Весник
Македонија

Димитров на работен појадок со резидентните амбасадори на земјите членки на ЕУ

Димитров на работен појадок со резидентните амбасадори на земјите членки на ЕУ

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествуваше на работен појадок со резидентните амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ.

Како што соопшти МНР, на состанокот, министерот Димитров првично изрази благодарност за заложбите и поддршката што Хрватска ја дава во поглед на европската перспектива на земјите од регионот за време на нивното претседавање, особено во претстојниов клучен период. Тој подетално ги брифираше амбасадорите за актуелните случувања на домашен план, пред сè поврзани со последните активности и резултати на реформски план и донесувањето на значајна легислатива во Собранието пред неговото распуштање на 16 февруари 2020.

Притоа, Димитров, се посочува, ја нагласи посветеноста и решеноста демонстрирана од страна на државата и покрај деликатноста на процесите и контекстот после октомврискиот ЕУ Самит да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција.

Меѓу другото, на состанокот беа разменети мислења и за актуелните случувања во рамки на регионот и самата ЕУ, за ажурираната методологија за пристапни преговори предложена од страна на Европската комисија, како и за очекуваните вонредни мини извештаи на Европската комисија за последниот напредок на земјата.

– Од страна на министерот Димитров беше изразена надеж дека овој пат ќе бидат препознаени создадените поволни околности и состојки за заеднички успех на земјата и ЕУ, преку донесување  на заслужената одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија, стои во соопштението. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер