Утрински Весник
Македонија

Мираковска: Стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите на шефот од Будимпешта

Мираковска: Стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите на шефот од Будимпешта

Скопје, 25 февруари 2020

„Во ВМРО-ДПМНЕ стравот и паниката од одговорност кулминираат, последен доказ за тоа е денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против правдата и одговорноста. Христијан Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите од неговиот шеф во Будимпешта Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ не успеа во Собранието да го закочи процесот на носење на Законот за јавно обвинителство“, рече потпретседателката на НСДП, Соња Мираковска на денешната прес-конференција која ја одржа во седиштето на партијата.

Мираковска оцени дека со Законот за јавно обвинителство се обезбедува еднаквост пред правдата, силно независно правосудство и одговорност од секој кој сторил криминал.

„Тоа не треба никого да го плаши. Напротив сите оние кои се залагаат за правда вистински, а не декларативно треба да бидат свесни дека со носење на сетот закони од правосудството, на правосудниот систем му ги обезбедивме сите неопходни алатки за да може брзо и ефикасно да се дојде до правда, еднаква за сите граѓани“, рече Мираковска, притоа нагласувајќи дека токму против тоа ќе протестираат денеска Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои продолжуваат со старите навики за вршење притисоци врз судството и бегање од правдата и одговорноста.

Потпретседателката на НСДП, Мираковска додаде дека денешниот протест може да се оцени во најмала рака како лицемерен.

„Ако се борат за правда нивните борци кои впрочем беа најгласни против Законот за јавнобвинителство, а против дел од нив се покренати обвиненија, требаше да инсистираат на судски постапки низ кои ќе ја докажат својата невиност, а не да изнаоѓаат безброј начини за одлагање на постапките со цел да застарат предметите. Ниту Мицковски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било кој друг неможат повеќе да ја спречат правдата и секој таков обид ќе биде неуспешен“, порача Мираковска и дополни дека сега се судовите на потег и никој нетреба да се меша во нивната работа, притоа секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година