Утрински Весник
Македонија

Штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување за карантинот за коронавирусот

Штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување за карантинот за коронавирусот

Штип, 25 февруари 2020 (МИА) – Клиничка болница-Штип сè уште нема добиено писмено известување од Министерството за здравство за карантинот за коронавирусот, што вчера во изјава за медиумите го најави министерот Венко Филипче.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека чекаат насоки од ресорното министерство како ќе се одвива оваа постапка.

Тој најави дека новинарите и јавноста ќе бидат информира на прес-конференција и тоа во моментот, кога ќе го добијат известувањето и какви насоки ќе имаат од ресорното министерство.

Инфективното одделение во рамките на Клиничка болница-Штип е единственото вакво одделение во источниот регион, а во него за здравјето на 200.000 потенцијални пациенти од овој регион се грижат  тројца инфектолози. Во рамките на оваа одделение во моментов имаат  две карантин соби за по едно лице.  Останатите болнички соби се со капацитет од 35 болнички кревети. Зградата на Инфективното одделение е посебен објект во кругот на болницата, а во едно од крилата на овој објект привремено е сместено одделението за Неврологија. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вонредна вест: Врие од полиција во Прилеп – пресметка помеѓу две поголеми групи (ВИДЕО)

Левица: Касами делел тендери од 100.000 евра на фирма-донатор на БЕСА

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани