Утрински Весник
Македонија

Фазлиу му реагира на Азири:  Присвојување на туѓите заслуги, не е само слабост, туку и злоба

Фазлиу му реагира на Азири:  Присвојување на туѓите заслуги, не е само слабост, туку и злоба

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Присвојување на туѓите заслуги, само затоа што сам ништо не направил, не е само слабост, туку и злоба, вака пишува на својот фејсбук статус Фатон Фазлиу, шеф на Кабинет на Министерот за култура, Хисни Исмаили. Неговиот пост доаѓа после прес конференција на Државниот секретар за култура, Валмир Азири, кој истакна дека во оваа министерство одлуките се носат со консензус на коалиционите партнери, исто како и во Влада.

-Асаф Адеми и Хисни Исмаили ја направија историјата за поддршка на албанската култура и воспоставување ред во културниот живот во земјата, додека на крајот доаѓа Валмир Азири и вели „јас ги направив“. Ова личи на таа анегдота кога ја прашале жабата „колку тежиш?“ и таа одговори „со се лавот од 300 кг“, пишува Фазлиу.

Инаку, Министерот за култура, Хисни Исмаили, е кадар на политичката партија Алтернатива. оџ/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”