Утрински Весник
Спорт

Дербито Јувентус – Интер и уште пет натпревари од 26. коло од Серија А ќе се играат без публика

Милан суспендиран од учество во евро-куповите за следната сезона

Рим, 25 февруари 2020 (МИА) – Шест натпревари од 26. коло од Серија А ќе се играат без присуство на публика поради коронавирусот. Ова го соопшти министерот за младинска политика и спорт на Италија Винченцо Спадафора.

Пред празни трибини ќе играат:
Удинезе – Фиорентина (29 февруари)
Јувентус – Интер (1 март)
Милан – Џенова
Сасуоло – Бреша
Парма – СПАЛ (1 март)
Сампдорија – Верона (2 март).

За потсетување, поради епидемијата, одложени беа натпревари од 25. коло на италијанскиот шампионат, а средбата Интер – Лудогорец во Лига Европа ќе се игра без публика. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата