Утрински Весник
Економија

„Теско“ дефинитивно се повлече од кинескиот пазар

„Теско“ дефинитивно се повлече од кинескиот пазар

Лондон, 25 февруари 2020 (МИА) – Најголемиот британски малопродажен синџир „Теско“ продаде 20 проценти од акциите од заедничката компанија во Кина.

Акциите ги купи кинеската фирма „Чајна Рисорсиз Холдинг“ (ЦРХ) за 275 милиони фунти (357 милиони долари) со што „Теско“го заврши повлекувањето од кинескиот пазар.

„Теско“ формираше заедничка фирма со ЦРХ во 2014 година, кога почна повлекувањето од Кина.

– Продажбата на сопственичкиот удел и овозможува на „Теско“ понатамошно поедноставување и фокусирање на бизнисот на основната дејност. Средствата од продажбата ќе бидат употребени за општите корпоративни намени, се наведува во соопштението од „Теско“. ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот дефицит се намалува

Божиновска: „Македонија веќе не е пасивна крајна точка – стануваме активен партнер и транзитен енергетски крстопат во Југоисточна Европа“