Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Најавеното изведување на работите на водоводен приклучок на улица „Христо Смирненски“ во Скопје, наместо денеска ќе биде извршено утре, информира ЈП „Водовод и Канализација“.
Претпријатието информира дека поради изведување на работите, од 9 часот без вода ќе останат дел од корисниците од улица „Христо Смирненски“, на потегот од улицата „Борка Талевски“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. ир/сп/