Утрински Весник
Македонија

Кичево прогласен за град на културата во 2020 година

Кичево прогласен за град на културата во 2020 година

Кичево, 25 февруари 2020 (МИА) – Врз основа на распишаниот конкурс на Министерството за култура, титулата Град на културата во 2020 година ќе ја има Кичево.

Општина Кичево изготви формулар за проекти од областа на културата што ги разгледа комисија. Аплицираше со 50-ина проекти од различни области на културата – литература, филм, театар, музика, фолклор, ликовна уметност, сценско-уметничка дејност, интердисциплинарни проекти и други помали проекти, објасни Михајло Петрески од Општина Кичево.

Тој додаде дека врз основа на пристигнатите проекти, Министерството за култура донесе решение со кое „Град на културата 2020“ го прогласи токму Кичево. рз/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата

Сообраќајот на патот Виница – Берово е во целосен прекин поради протест