Утрински Весник
Македонија

Редовна владина седница, на дневен ред точки од транспортот, финансиската и економската сфера

Нов Предлог-закон за Финансиска полиција за зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Владата денеска ќе ја одржи редовната 11. седница на чиј дневен ред се Информацијата за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и Информацијата за подготовка на 16. состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија што ќе се одржи на 17 март 2020 година во Брисел.

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Северна Македонија.

На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, пред Владата ќе биде и Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.

Редовната 11. седница на Владата е предвидено да почне во 12:00 часот. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија