Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Кондово во општина Сарај, како и селата Кучково и Грачани во општина Ѓорче Петров.
Од 09 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на дел од улицата „Прашка“ во општина Карпош, а од 09 до 13 часот корисниците од улицата „Трифун Хаџи Јанев“ бр. 5, 8 и 10, како и жителите од улиците „Лазар Поп Трајков“ бр. 17 и бр.16 и од „Македонска Бригада“ бр.4 во општина Гази Баба. бак/са/