Утрински Весник
Македонија

Курти најави заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора

Курти најави заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора

Приштина, 25 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

– Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и Северна Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив, напиша Курти.

Новиот косовски премиер потсети дека вчера се навршиле три недели од изгласувањето на неговиот Кабинет и изрази задоволство што на самитот на ЕБОР имал можност да говори за приоритетите на Владата која ја води, како и за односите со Србија и реципроцитетот кој има намера да го воведе во однос на таа соседна држава.

– Драго ми е што на овој ден имав можност да говорам за значењето на инвестициите за економијата, претприемништвото на нашите млади посебно во информативната технологија, инфраструктурата што поврзува и овозможува развој, односите со Србија и принципот на реципроцитет итн. Вработувањето, од една, и европските интеграции и зачленувањето во НАТО, од друга страна, се нашите приоритети како нова Влада на Косово, истакна Курти. иа/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?