Утрински Весник
Спорт

Ливерпул ја забележа 18. последователна победа во премиер лигата

Ливерпул можеби ќе биде исфрлен од Карабао купот

Ливерпул, 25 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул синоќа стигнаа до 18. триумф во низа, откако на домашен терен беа поуспешни од Вест Хем со 3:2.

Гостите водеа до 68.минута, но на крајот остана со празни раце.

Головите за „црвените“ ги постигнаа Вијналдум, Салах и Мане, за Вест Хем погодија Диоп и Форналс.

Избраниците на Јирген Клоп се убедливо први во Англискиот шампионат со 26 победи на 27 натпревари. Единствен кој им откина бодови е Манчестер јунајтед (0:0 во октомври).

Предноста на Ливерпул (79 бода) пред второпласираниот Манчестер сити (57 бода)  изнесува 22 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина