Утрински Весник
Македонија

Милошоски во Обвинителството ќе ги предаде снимките што ги објави на прес-конференција

Милошоски во Обвинителството ќе ги предаде снимките што ги објави на прес-конференција

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што завчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудиоснимка, во која, како што рече, се слуша гласот на Заев, како тој како премиер донесувал одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог-законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. дма/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни