Утрински Весник
Спорт

Неизвесен натпреварот Жалгирис-Милано поради коронавирусот

Неизвесен натпреварот Жалгирис-Милано поради коронавирусот

 Каунас, 24 февруари 2020 (МИА) – Натпреварот меѓу Жалгирис и Милано што е закажан за петок од 19 часот во рамки на 26-то коло во Евролигата може да биде одложен. Дел од медиумите дури тврдат дека кошарка во вториот по голема град во Литванија оваа недела ќе нема, само се чека на официјална потврда.

Предлогот за одложување дојде од литванскиот министер за здравство, Аурелиус Верига кој изрази загриженост од појава на заразата која се појави во Кина и се прошири низ цел свет. Конечна одлука за кошаркарскиот натпревар ќе даде Комисија за вонредни состојби, а проценка на ситуацијата се очекува и од Евролигата. Двете екипи, пак, изразија подготвеност да играат. сѓд /сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон