Утрински Весник
Македонија

За 3-ти март одложено рочиштето за „Насилство во Општина Центар”

За 3-ти март одложено рочиштето за „Насилство во Општина Центар”
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Отсуството на вештак од Србија за судскиот предмет за „Насилство во Општина Центар”, е причина зошто не се одржа денешното рочиште за овој случај. Минатото рочиште обвинителот Гаврил Бубевски го најави вештакот од Белград, откако одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, побара истиот да биде присутен во судница и да го објасни вештачењето за бомбите во овој предмет. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 3-ти март.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, кој сега се води од скопското обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година. оџ/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи