Утрински Весник
Македонија

Д-р Арсенков: Двајца од повредените во Романовце во тешка здравствена состојба, бремена жена со втор степен изгореници на Клиниката „Св.Наум Охридски“

Д-р Арсенков: Двајца од повредените во Романовце во тешка здравствена состојба, бремена жена со втор степен изгореници на Клиниката „Св.Наум Охридски“

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Двајца повредени во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце, меѓу кои една пациентка на возраст од 31 година со 80 проценти изгореници по телото и десетгодишно дете со 70 проценти изгореници по телото се во тешка здравствена состојба и се на механичка вентилација на Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје. На Клиниката е хоспитализирана и уште една повредена пациентка на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото која е бремена во седми месец, изјави денеска директорот на таа Клиника, д-р Љубен Арсенков.

– Во текот на вчерашниот ден во Клиниката примени се тројца пациенти од кои една пациентка е на возраст од 31 година со 80 проценти изгореност на површината на телото со трет степен изгореници, која е во крајно тешка состојба и е на механичка вентилација, со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото со втор степен изгореници, кај која отежнителна околност е што е бремена во седми месец. Вчера и е направен конзилијарен преглед од гинеколог и констатирана е состојбата на плодот и како ќе се одвива натаму ситуацијата е неблагодарно сега прогноза да даваме, рече д-р Арсенков.

Посочи дека за десетгодишното дете за кое вчера проценките биле дека е со помал процент изгореници, но по адекватна обработка во операционата сала е евидентирана површина на изгореност на телото од 70 проценти. – Тоа е на механичка вентилација и е во тешка состојба, потенцира д-р Арсенков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали освен изгорениците повредените имаат и оштетувања на витални органи, тој рече дека пациентката на возраст од 31 година има изгореници на дишните патишта, но изгорениците не се само зафаќање на кожата на телото.

– Механизмот на повредата е таков да реперкусии има и по останатите органи, кои во наредните денови допрва ќе треба да ги предвидуваме, додаде д-р Арсенков. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер