Утрински Весник
Македонија

За парите од платената политичка програма ќе се натпреваруваат 242 медиума од кои 159 портали

Антикорупциска ќе ги проверува кандидатите за членови на Советот на АВМУ и на МРТ

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – До Државната изборна комисија (ДИК) барања за регистрација и ценовници за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори на 12 април доставиле 242 медиуми.

Во Регистерот на ДИК се ставени 159 портали, 39 радио станици, 12 печатени медиуми и 32 телевизии. Сите тие, исто така, доставиле и ценовници за платена политичка програма.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси. ев/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер