Утрински Весник
Македонија

УХМР: Од среда дожд и снег и пониски температури

Врнежи до задутре, од сабота нов влажен бран

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) –  Сончево и топло со мала доумерена облачност ќе биде до среда кога под влијание на влажен бран кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, в среда ќе дува засилен ветер од југозападен, а в четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали, од прогнозираните  20 степени до среда, на 13 односно 14 степени. Минималните температури в четврток и в петок ќе се спуштат до – 5 односно до – 7.

За денеска е најавено сончево време со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?