Утрински Весник
Македонија

Дебранец се обидел да силува сограѓанка

СВР Охрид ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на понуди од непознати лица

Дебар, 24 февруари 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување“. Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

Син со 30 убоди го уби својот татко – ОЈО бара притвор

Ѓоко Велковски ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади