Утрински Весник
Македонија

Зголемен бројот на грипозни пациенти во гевгелиско, состојбата се следи

Зголемен бројот на грипозни пациенти во гевгелиско, состојбата се следи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 24 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатава недела, шестта од појавата на грипот и заболувањата слични на него, пријавени се педесетина нови заболени на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран. За споредеба, во петтата недела беа регистрирани само 13 заболени пациенти, рече денеска епидемиологот Сашо Олумчев, раководител на регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија.

Типот Б од вирусот на грип, посочи тој, доминира кај повозрасната популација, додека типот А е позастапен кај помладата генерција.

– Покрај потрошените комерцијални и бесплатни четиривалетни вакцини за заштита на населението од грип во текот на ноември, како најдобра мерка за справување со заразни болести потрошивме уште 900 вакцини за пациентите на хемодијализа, пациентите во психијатриската болница во Негорци и за дел од најзагрозените здравствени работници, нагласи Олумчев и додаде дека очекува во следните две недели уште да порасне бројот на заболени од грип и вирозните заболувања слични на него.

Епидемија од грип до сега не е прогласена бидејќи, според Олумчев, грипот сам по себе е сезонска епидемија. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен