Утрински Весник
Македонија

Нов тротоар и дрворед до гевгелискиот пазар

Нов тротоар и дрворед до гевгелискиот пазар

Гевгелија, 24 февруари 2020 (МИА) – Уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија, која стана многу фреквентна поради близината на градскиот пазар, продолжува непречено и влегува во завршна фаза.

Од јавното комунално претпријатие денеска потврдија дека на површина од 1.000  квадратни метри се поставуваат бекатон плочки, под кои е поставен и систем капка по капка за наводнување на садниците од јавор кои веќе се поставени на своите места.

Од Општина Гевгелија, која е инвеститор на јануарските градежни активности за комунално уредување, вредни околу 380.000 евра, меѓу кои спаѓа и овој проект, велат дека градежната постапка е почната пред повеќе од еден месец што значи дека не е ограничена во реализацијата и покрај тоа што се наоѓаме во период на закажани предвремени парламентарни избори.

Инвеститорот и изведувачот на работите велат дека реализацијата на проект кој е актуелен поради потребата од обезбедување простор за пешаците е во завршна фаза и дека по него општината ќе се воздржи од нови активности и проекти во областа на комуналното уредување. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека