Утрински Весник
Македонија

Успешен настап на Кривопаланечките каратисти на Интернационалниот турнир во Лесковац

Успешен настап на Кривопаланечките каратисти на Интернационалниот турнир во Лесковац

Крива Паланка, 24 февруари 2020 (МИА) – Каратистите од карате клубот „Шампион” Крива Паланка пoжнеаја златни, сребрени и бронзени медали на интернационалниот карате турнир „Ипон 2020″ што се одржа вчера во Лесковац, Србија.
– Традиционално учествуваме на силиот меѓународен карате турнир во Лесковац, во организација на Карате клуб „Ипон”. Овојпат КК „Шампион” настапи со седум натпреварувачи. Вукашин Јовановиќ со четири победи и ниту еден изгубен поен ја потврди добрата форма пред претстојното државно првенство.  Јована Мицовска исто така во силна конкуренција стигна до финалето со две победи. При судиско изгласување на нерешен резултат 0:0 не успеа да се закити со злато  и го освои второто место, информира Стевче Христовски, тренер во КК „Шампион”.
Тој додаде дека добри настапи имале и Адријан Симоновски и Теодор Павловски со забележани три победи, секој поединечно, и на крајот двајцата беа третопласирани во своите категории, освојувајќи бронзени медали.
-Оваа е прв турнир во 2020 година. Ни претстои Државното првнество за деца од 11 до 13 години кое ке биде критериумско за настап на Балканското првенство во Истанбул, Република Турција, информира Стевче Христовски, тренер во КК „Шампион”, рече Христовски.
На турнирот настапија над 800 натпреварувачи од земјава, Србија и Бугарија.ид/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!