Утрински Весник
Македонија

Церар: Се надевам дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори во март

Церар: ЕУ „падна“ на прашањето за Балканот

Солун, 24 февруари 2020 (МИА) – Оптимист сум дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надевам дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни рабори Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

-Убеден сум дека Северна Македонија и Грција напарвија историски напредок со потпишувањето на Преспанскиот договор. Северна Македонија покажа политичка мудрост и храброст и подготвеност за реформи. Нема сомнеж дека на Северна Македонија ќе и биде одобрен старт на преговорите, потенцира Церар.

Тој оцени дека Албанија, исто така, постигнала напредок, пред се, во процесот на ветинг, па затоа се надева дека на двете земи ќе им биде одобрен почеток на преговорите за членство во март.

-Словенија силно ги поддржува Северна Македонија и Албанија за почеток на процесот на преговори. Тоа е особено важно за граѓаните на двете земји, нагласи Церар. сп/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај