Утрински Весник
Економија

Спасовски, Ангеловска и Бектеши на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Спасовски ќе ја предводи делегација на Владата на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министрите за финансии и за економија Нина Ангеловска и Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан во Лондон.

Со Самитот, како што соопшти владината прес-служба, ќе претседаваат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач со ЕУ.

Самитот, како што се наведува, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите членки на Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.

Во рамки на посетата, предвидена е и билатерална средба на Спасовски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти. мд/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ММФ: Албанија расте економски, но „фискалниот мир“ носи ризици

Владата ќе донира 100 возила за Македонска пошта, најавени и законски измени

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година