Утрински Весник
Спорт

Евролигата може да забрани натпревари во Грција

Евролигата може да забрани натпревари во Грција

Барселонаа, 23 февруари 2020 (МИА) – Непознати лица ја нападнаа судиската тројка која во Атина ја делеше правдата на кошаркарскиот натпревар во Евролигата меѓу Панатинаикос и Барселона, каде што победија Шпанците со 92:81. Арбитрите Луиџи Ламоника, Дамир Јавор и Емин Могулкох биле однесени во болница со повреди од различни степени на сериозност.

Евролигата на својата официјална веб-страница издаде соопштение во врска со нападот врз судискиот тим. Забележано е дека доколку уште еднаш се случи инцидент од ваков вид во Грција, организаторите ќе го разгледаат трансферот на сите натпревари во Евролигата, Европскиот куп и младинскиот турнир надвор од земјата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство