Утрински Весник
Спорт

Тодоров: За подобра резултат ни фалеа само три тројки

Тодоров: Способни сме за 40-45% шут за три поени
300x250 (7)

Перм, 23 февруари 2020 (МИА) – Втор натпревар, и втор пораз за Александар Тодоров како селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Попладнево од неговите избраници подобра беша руската селекција со 77:67.

– Во Перм покажавме многу, многу повеќе во однос на премиерата во Скопје, против Естонија, но и под Урал, забележавме пораз. Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат, изјави Тодоров.

Img 5587

Запрашан зошто нашиот тим не користи натурализиран играч на надворешните позиции, како на времето, кога во таа улога го имавме Лестер Бо Мекејлеб, Тодоров одговори:

– Моја идеја е да имаме домашни играчи на оние бековски позиции, па оттука како солуција да игра на центарската е Витингтон. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари