Утрински Весник
Економија

Спасовски ќе ја предводи делегација на Владата на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Спасовски ќе ја предводи делегација на Владата на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон
Img 5587

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска заминува за Лондон, Обединетото Кралство, каде ќе ја предводи делегацијата на Владата во која е и министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан.

Самитот, како што соопштуваат од владината прес-служба, кој ќе се одржи утре и со кој ќе претседаваат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач со ЕУ, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите членки на Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.

Ss1

Во рамки на посетата, предвидена е и билатерална средба на премиерот Оливер Спасовски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.фф/мд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

32 години од воведувањето на денарот