Утрински Весник
Македонија

Пендаровски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце

Пендаровски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша Пендаровски.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се повредени и се здобиле со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје. мс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје