Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да бевме правна држава Заев наместо да пишуваше интервјуа ќе пишуваше мемоари од затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Пендаровски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 февруари 2020

Да бевме правна држава Заев наместо да пишуваше интервјуа ќе пишуваше мемоари од затвор. Заев призна дека бомбите се автентични, а во нив јасно и експлицитно се гледа дека тој е врховен судија и премиер.

СДСМ ја укина правната држава го стави под целосна контрола правосудството со единствена цел истото да служи за амнестија на криминалите на власта.

На граѓаните на Република Македонија им е јасно зошто насила и спротивно на процедурите Зоран Заев го донесе Законот за јавно обвинителство кој треба да биде гаранција за амнестија на криминално рекетарската банда.

По 12-ти април се враќа правдата во Република Македонија. По 12 април ќе одговара Зоран Заев и сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои наместо да го гонат се ставија во заштита на криминал.

Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството.

Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија

Клучен доказ дека мафијата има своја држава.

Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје