Утрински Весник
Македонија

Три лица починаа, шест се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Три лица починаа, шест се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 23 февруари 2020 (МИА) – Три лица починаа, а шестмина се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце, соопшти СВР Куманово.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургенетн центар Скопје. Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје