Утрински Весник
Економија

Кон крајот на месецот се очекува да се избере најдобриот понудувач за механизацијата за РЕК Битола, ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на тендерот

Краткотрајно исклучување на Блок 3 во РЕК Битола

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – АД Електрани на Северна Македонија денеска преку соопштение реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ според кои, има нови скандалозни тендери во оваа компанија што треба да ги добијат фирми блиски до власта.

– Ја известуваме јавноста дека предметната јавна набавка се однесува на купување сопствена помошна механизација за РЕК Битола, со која комбинатот ќе почне да ја намалува својата потреба од ангажирање надворешни фирми. Доколку тоа не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ би требало тоа јавно да го соопштат и исто така да кажат од кои причини не го поддржуваат опремувањето на РЕК Битола со своја механизација, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Јавната набавка, како што се наведува, е објавена уште пред два месеци од страна на претседателот на Владата и од генералниот директор на АД ЕСМ, што ја покажува важноста и сериозноста на проектот и нејасно е зошто лицето во овој момент зборува за неа.

– Набавката е на самиот крај и се очекува до крајот на месецот да се избере и најдобриот понудувач од 12-те пријавени фирми, кои се светски познати во својата област и во областа на производство на механизацијата која се побарува. Технички дијалог, испитување на пазарот и сите потребни анализи за оваа набавка се направени минатата година, во рамки на веќе еднаш распишан тендер за истата намена. По него следуваше распишување јавна набавка според новиот закон, кој овозможува да се набави механизација која ќе биде квалитетна и која ќе трае долго време, односно која со години ќе го опслужува процесот на ископ на јаглен во РЕК Битола, стои во соопштението.

Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека е објавена јавна набавка за 19 милиони евра без, како што рече, претходно објавен технички дијалог, односно без проверка на пазарот.

-19 милиони евра е голем тендер кој се договара со низа пропусти и низ процедура која отвора сомнеж дека однапред треба да го добие блиска фирма до власта. Дополнително станува збор за јавна набавка со краток период за прибирање понуди од само еден месец, во кој е опфатен периодот на новогодишните и божиќните празници, рече Томовски. Побара итно поништување на тендерот и запазување на сите потребни законски процедури. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија