Утрински Весник
Македонија

Полицијата и гимназијалците во Делчево дебатираа за нелегалните дроги

Полицијата и гимназијалците во Делчево дебатираа за нелегалните дроги

Делчево, 22 февруари 2020 (МИА) – Појавата на „Нелегални дроги“ меѓу помладата популација беше главната тема на работилницата, која Одделението за внатрешни работи Делчево ја одржа со делчевските гимназијалци. Како што информираа органзизаторите, обуката имаше превентивен и едукативен карактер, се со цел учениците од училиштето, како и нивните родители да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и употреба на дрога.
– Преку презентацијата, на присутните ученици и родители им беше укажано за штетните последици (здравствени, психолошки, семејни, социјални, училишни и финансиски) кои настануваат при употребата на дрогата, законските одредби на Кривичниот законик на Р.Македонија и санкции за лицата кои ги чинат овие кривични дела, истакнаа од ОВР Делчево.
Имајќи предвид дека зависноста од дрога во последните десетина години е cè поприсутна меѓу школската популација и младината, преку ваквиот вид активности, како што истакнаа од гимназијата „М.М.Брицо“, училиштето активно се обидува да ce вклучи во спречување и во сузбивање на оваа појава на разни начини.
– Во таа насока многу е важна превентивната улога на полицијата преку проактивен пристап: соработката со заедницата, да се зголеми превенцијата околу злоупотребата на дрогите и личната заштита на најмладата популација. Меѓу другото, цел на ваквите обуки е младата популација (учениците од училиштето), како и нивните родители да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и употреба на дрога, посочија од СОУ „М.М.Брицо“.
Како еден од главните заклучоци од работилницата произлезе фактот дека во училиштата не се зборува доволно за дрогите и нивните последици, поради што беше напоменато дека се неопходни повеќе програми и кампањи за да можат учениците да се запознаат повеќе со дрогите и нивните последици. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”