Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го отфрли доставеното барање за мислење на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за поништувањето на владиното решение за назначување на нов началник на СВР Тетово и посочи дека тоа е во надлежност на Државната комисија за спречиување на корупција ДКСК.
Барањето на Чулев се однесува за оценка на ДИК за законитост на акт во врска со поништувањето на Решението за именување на Гоце Јанкулоски на работното место началник на СВР Тетово, а како што беше појаснето на седницата, се работи за правен однос меѓу Владата и техничкиот министер за што ДИК нема законски овластувања да постапува.
На седницата беше кажано дека ваквите барања кои се однесуваат на „забрани за именување и разрешување за време на распишани избори“, за тоа е надлежна Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
– Односот меѓу министерот и Владата која постапува изрично за тоа дали некоја одлука е законска или не е, не е во надлежност на ДИК. Во однос на содржината на прашањето поставено за потреба од носење решенија за именување, ова прашање кое произлегува од барањето на министерот е неосновано и не навлегува во нашите надлежности, посочија од ДИК.
Оттаму апелираат министрите и замениците министри да ги почитуваат членовите од Законот за Влада и да не поднесуваат вакви барања кои се беспредметни. фф/мс/
Јавна седница на ДИК
Posted by MИА.mk on Сабота, 22 февруари 2020