Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џоломарите од Ресава бркаа лоши духови на карневал во Бугарија

Џоломарите од Ресава бркаа лоши духови на карневал во Бугарија
300x250 opst2

Кавадарци, 22 февруари 2020 (МИА) – Џоломарите од кавадаречкото село Ресава денеска бркаа лоши духови на карневал во бугарскиот град Раковски.

-Нашиот настап беше проследен со громогласни аплаузи од многубројната публика. Ја претставивме нашата традиција. Со грпки, кожувчиња и бради, исцрнети лица од саѓи, клопотарци и стапови, направивме огромна врева, го избркавме злото и направивме место за доброто,  изјави за МИА Александар Зоков, член на групата.

Тој додаде дека по овој карневал, следува друг настап во странство. Потсети дека редовно учествуваат на разни вакви фестивали во татковината и надвор од неа. свд/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонец до смрт претепан во Љубљана

Муртезани домаќин на Плаколм и Грашиќ: Гласна поддршка за нашата европска иднина од Австрија и од Словенија

Јавно извинување до компанијата „Булмак“