Утрински Весник
Македонија

Слаб снег на Попова Шапка, Крушево и планинскиот превој Буково

Снег во Крушево, Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Стража

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Врнежи од слаб снег денеска има на Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. мд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври