Утрински Весник
Македонија

Голем интерес во Тетово за мерката 113 – млад земјоделец од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Голем интерес во Тетово за мерката 113 – млад земјоделец од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Тетово, 22 февруари 2020 (МИА) – Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово вчера организираа инфо сесија за пчелари, земјоделци и сточари за мерката 113-млад земјоделец по повод јавниот повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Голем број земјоделци, пчелари и сточари имаат интерес за оваа мерка и беше потребна инфо сесијата за да се дознаат начините како да се исполнат критериумите за да се добие помошта од Министерството и Агенцијата. За оваа мерка максимална вредност на прифатливи трошоци е 20 000 евра и претставува висок износ, истакна Дритон Дикена од „Градот на пчелите“.

Пред заинтересираните говореа Петре Петревски и Абдулселам Селами од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Хисен Џемаили- министер без ресор за домашни инвестиции, Нефрус Челику – државен секретар на Министерството за земјоделство и Ленче Николовска – експерт за земјоделска политика од Агротим. ас/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”