Утрински Весник
Македонија

МАН: СДСМ ја нападна државата Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО

МАН: Владата продолжува со директно и безобѕирно поткупување на медиуми

Скопје, 21 февруари 2020

Македонската асоцијација на новинари МАН најостро ја осудува последната прес конференција на СДСМ и изјавите на портпаролката на таа партија Богданка Кузеска. МАН повикува амбасадите на САД, Германија, Унгарија која е спомната на прес конференцијата и на ЕУ јавно да се произнесат за ваквите напади врз новинарите и медиуми кои СДСМ ги нарекува и смета за непријатели на партијата, за манипулатни и бара обвинителството да апсело заради комерцијално финансисрање на медиумите кои не се под контрола на СДСМ.

СДСМ се повикува на анонимен словенечки портал кој тврди дека три македонски портали, Курир, Нетпрес и Лидер и една телевизија Алфа ТВ примиле со комерцијални договори од партнери од странство за една година 2,5 милиони евра. СДСМ овие договори за комерцијална соработка ги карактеризира за сомнителни, за финансирање анти НАТО политика, за уривање на нивната партија и бара обвинителството кое е одамна под нивна контрола да апси, и да нема на медиумскиот пазар медиуми кои СДСМ ги смета за свои непријатели.

Тоа е речник на тврдиот сталинистички комунизам.

СДСМ има свои медиуми, повеќе пати и претседателот на таа партија Зоран Заев изјави дека 1ТВ е пропартиска телевизија. Слушнавме и дека знаел дека таа партиска телевизија се финансира од рекет, па дури Заев го спомна и битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски кој под принуда на Боки 13 му платил 850.000 евра за 1ТВ, и за што се води судски спор за кривично дело.

Тоа се валкани пари кога партијата СДСМ финансира медиуми.

Медиумите кои СДСМ ги смета за свои со децении се финансираат од фондови на унгарскиот милијардер Сорос, без никаква комерцијална основа туку исклучиво со политички цели.

СДСМ на прес конференцијата ја нападна државата Унгарија наведувајќи ја како извор на комерцијалните исплати кон нападнатите медиуми. Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и македонската власт ќе треба да им објасни, пред се на премиерот Орбан, како тие Унгарци работат против ЕУ и НАТО, а членки се на истите.

Подобро СДСМ да објасни како тоа во нивниот партиски “Слободен печат“ завршиле 600.000 евра од државни реклами, со 280.000 евра за печатење. Како и стотиците илјади евра од Државниот фонд доделени на истиот медиум и други медиуми блиски до СДСМ.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, поднесе оставка, бидејќи тајни фондови од грчкото МНР како црни пари се дадени на македонски медиуми активно да работат за референдумот за потребите на грчката политика.

Ригидните методи од сталиновиот период кој ги спроведува СДСМ кон медиумите отсекогаш, заканувајќи се на новинари и уредници со обвинителства и затвори, за последица имаше што под власта на СДСМ беа сменети четворица главни уредници на најголеми медиуми во земјава.

Во изминатите 3 години СДСМ активно придонесе да влеземе на црната листа на хибридни режими. Тоа не ја подобрува сликата за слободата на медиумите, напротив, го загрозува и добивањето датум за почеток на преговорите, бидејќи извештаите за политички и обвинителски прогон врз медиумите се поразителни.

МАН (Македонска асоцијација на новинари)

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор