Утрински Весник
Спорт

Десетгодишен фан на Јунајтед со писмо до Клоп: Ве молам загубете

Десетгодишен фан на Јунајтед со писмо до Клоп: Ве молам загубете

Манчестер, 21 февруари 2020 (МИА) – Дараг Карли, десетгодишно дете кое е страствен фан на Манчестер јунајтед, му испрати писмо на Јирген Клоп во кое го замолува Ливерпул да почне да губи во мечевите.

„Ливерпул пречесто победува. Ако победи и во наредните девет меча, тогаш ќе имате најдобра серија без пораз во историјата на англискиот фудбал. Како навивач на Јунајтед, многу сум тажен поради тоа“, напиша Карли.

Ливерпул моментно во 16 меча едноподруго не знае за пораз и само уште победа ги дели „црвените“ од најдобрата серија на Манчестер сити. Но, доколку „црвените“ не загубат и во наредните девет меча, тогаш ќе го достигнат рекордот што е во сопственост на Арсенал.

„Затоа, во наредниот меч на Ливерпул натерај ги да загубат. Треба само да му дозволиш на противникот да даде голови. Се надевам дека убедив да не ја освоиш лигата“, додаде малолетниот фан на Манчестер Јунајтед во писмото до Клоп.

На тоа следуваше одговор од германскиот менаџер.

„За жал, не можам да го исполнам твоето барање. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби, моја работа е да го направам најдоброто да му помогнам на клубот да победи бидејќи постојат милиони луѓе кои го сакаат тоа и не смеам да ги изневерам“, возврати Клоп. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија