Утрински Весник
Економија

КСС: Ќе се спротиставиме на селективната реформа во јавниот сектор

Синдикатот за транспорт при КСС реагира на работата на некои синдикати и институции

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува дека ќе се спротистави на, како што соопшти денеска, нетранспаретната и селективна реформа на јавната администрација.

По вчерашната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за транферот на вработени од јавен во приватен сектор КСС во реакција ја прашува Владата зошто е потребно да се прави тоа кога во изминатите неколку години, како што наведуваат, се вработени над 40 илјади административци.

Според КСС, ваквата идеја на „мала врата“ ќе се реализира и преку неодамна потпишаниот Колективен договор за јавен сектор каде има одредби во кое е пропишано како ќе се изврши трансферот од јавен во приватен сектор.

Од КСС велат дека не е точно оти ги немаат доставено и предлозите за предвремено пензионирање на дел од администрацијата, со што би се пренасочиле парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и со што би се намалил бројот на администрацијата. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4, а на бензините за 2 денара по литар

Започнува тестирање на системот за „е Фактура“, информираат од УЈП

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски без мерки – поскапо допрва доаѓа